НА КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА НА ХОТЕЛ „АПОЛОНИЈА“ И ОО ЦРВЕН КРСТ – ГЕВГЕЛИЈА, СОБРАНИ 45 ЕДИНИЦИ КРВ

WEB Телевизија во живо

На вчерашната, втора по ред за годинава, Крводарителска акција на хотел „Аполонија“ и ОО Црвен крст- Гевгелија, која се реализираше во просториите на хотел „Аполонија“, беа собрани 45 единици крв. 45 граѓани од општина Гевгелија, од кои вработени во хотел „Аполонија“, како и останати граѓани кои се пријавија за учество, уште еднаш ја потврдија својата хуманост со дарувањето крв на традиционалната крводарителска акција на „Аполонија“ и ОО Црвен крст- Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Организаторите ја изразија својата благодарност до сите крводарители за успешната акција и постигнатата цел- поттикнување на граѓаните за приклучување во хуманата мисија и нови собрани единици крв за спас на нечии животи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *