НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАПОЧНАЛА ПРВАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА

WEB Телевизија во живо

На денешен ден 8 октомври 1912 година Црна Гора и објавила војна на Турција и истиот ден ги нападнала османлиските сили кај Скадар, со што почнала Првата балканска војна. Подоцна во војната против Османлиското царство се вклучиле Србија, Грција и Бугарија.
 
Првата балканска војна завршила со примирје на 3 декември 1912 година, со што Балканот бил ослободен од Османлиското владеење. На Мировната конференција во Лондон, на 30 мај 1913 година Турција морала да се откаже од сите имоти во Европа, освен од Едрене, кое сојузниците не успеале да го заземат.
 
Македонскиот народ активно учествувал во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што, пак, поради „несоодветната поделеност“, било причина за почетокот на Втората балканска војна.
 
Еден месец по потпишувањето на Лондонскиот мировен договор за Првата балканска војна што бил склучен на 30 мај, на 30 јуни 1913 година почнала Втората балканска војна за поделба на Македонија меѓу дотогашните сојузници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *