НА ДЕНЕШЕН ДЕН 2003 ГОДИНА ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОДИТЕЛСТВО, ЃОКО ЃОРГИЕВ

WEB Телевизија во живо

Ѓоко Георгиев е еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови.
 
Роден е во Битола на 17 јануари 1926 година . Георгиев беше доајен на нашето радио-водителство и водител на првите контактни програми на Радио Скопје, популарен музички новинар и репортер, автор на над 3.000 текстови за популарни мелодии и стотини осврти и рецензии како и соработник-музички новинар на „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“, „Екран“ и други специјализирани ревии.
 
Неколку децении беше популарен водител на култните емисии „Три гонга“ и „Средби низ музика“ кои станаа синоним за популарноста на Радио Скопје и далеку надвор од границата на нашава република. Во неговата емисија соработуваа и учеа од него сите подоцнежни музички водители на двете програми на Радио Скопје, Мице Бошковски, Васја Ивановски, Дејан Поповски, Драгољуб Петровски, Мирослав Лазаров, Љубчо Алексовски…
 
Беше директор на првите Скопски фестивали на забавна музика, долгогодишен уредник на Редакцијата за забавна музика при Радио Скопје.
Со својот специфичен глас тој буквално успеваше пред радиоприемниците да привлече огромен аудиториум и како таков беше присутен речиси во секој дом, следен со страст од многу генерации. 
 
Меѓу другото, Ѓоко Ѓеоргиев е добитник на низа најпрестижни признанија од оваа област, како и носител на Наградата за животно дело, која слушателите на Радио Буба Мара му ја доделија во 1999 година. Почина на денешен ден 20.10.2003 г. пред 18 години.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *