НА 17 ОКТОМВРИ 1878 ГОДИНА ИЗБУВНАЛО КРЕСНЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

Македонско (Кресненско) востание е востание на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година, во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија, со цел ослободување и создавање на независна македонска држава. 

Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп Георгиев – Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓала османлиската касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт.

Главните подготовки за кревање на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци-учители, трговци,свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Кучевишки и познатиот македонски револуционер учителот Димитар Поп Георгиев Беровски кој бил назначен за началник на штабот, а прв војвода на четите бил поп Стојан Карастоилов. 

Во востанието со своја чета учествувале и познатиот македонски борец и прв македонски историчар Ѓорѓија Пулевски и војводата Кара Тодор од Тетово, познат како „страв и трепет за башибозукот”. На 11 ноември, Турците крваво го задушиле востанието, а цели два месеца потоа биле вршени потраги по останатите востаници од околните села со најголеми репресивни мерки и убиства, иселувања и мачења врз месното население. 

Поради таквата состојба Натанаил Кучевишки заминал за селото Падеж и таму на 6 јули 1879, издал наредба за демобилизација на четите и собирање на оружјето кое требало да се складира во селото Бураново. Со самото тоа Кресненското односно Македонското востание завршило.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *