ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ММДЧП ГО ФИНАНСИРА ОТВОРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ВО БЛАГОЕВГРАД, КОЈ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН НА 30 ОКТОМВРИ

Македонското меѓународно движење за човекови права гордо информира дека го финансиравме отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Горна Џумаја (градот преименуван во „Благоевград“ од Бугарија) во Пиринска Македонија. Официјална церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година.
 
Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од Македонското меѓународно движење за човекови права.
 
Димитар Ковачевски, „премиер“ на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и воен злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот.
 
Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада – и на Европската Унија – која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ.
 
Како што и се очекуваше, режимот не го исполни „ветувањето“ и одбра да продолжи да им помага на Бугарија и Грција да го задушуваат македонскиот идентитет и човековите права низ Балканот.
ММДЧП ги повикува организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да го осудат систематското кршење на правата на Македонците. 
 
Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври. Подетални информации ќе бидат објавени дополнително.
 
Можете да донирате за македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ и/или за бројните други проекти на ММДЧП за заштита на човековите права преку оваа страница – https://mhrmi.org/donations. Македонците се соочени со најсериозната закана за нашиот идентитет – и постоење како Македонци – во скорешната историја. Дејствувате веднаш.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *