МЛАДИТЕ БАРААТ ПОБЛИСКА СОРАБОТКА СО МЛАДИНСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ НА ОПШТИНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Организирање на редовни посети во училиштата од страна на младинскиот службеник, запознавање на средношколците со улогата на локалните младински совети и интензивирање на соработката со локални граѓански организации се дел од препораките насочени кон општините и локалните институции кои беа презентирани на тркалезната маса на Младинскиот образоваен форум (МОФ) која вчера се одржа во Скопје.
 
Темата на тркалезната маса беше „Младинско учество во единиците на локалната самоуправа“, а учествуваа претставници на локални младински организации, младински службеници на општини, медиуми и претставници на Агенцијата за млади и спорт.
 
На настанот се презентираше документот за јавни политики кој содржи проблеми кои младите ги мапираа за време на работилниците, како и препораки насочени кон општините и останатите локални институции кои се обврзани да ги адресираат истите.
 
Како дел од препораките се и организирање на повеќе отворени денови/еднодневни, едукативни екскурзии и посети на општини и други институции што работат на локално ниво, споделување на искуства од веќе формираните локални младински совети и креирање на платформа за поплаки и идеи од страна на млади лица во секоја локална јавна установа.
 
Овој настан е дел од проектот „Младински политики за подобар животен стандард на млади од помали средини“, кој е овозможен со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и во соработка со локалните организации Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија, НОВУС Струмица, Центар за едукација и развој – Теарце и НВО КХАМ – Делчево.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *