МИЛКА ЕФТИМОВА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ОПЕРАТА:

ОПЕРСКАТА МУЗИКА Е НАЈГОЛЕМИОТ ПРОЗОРЕЦ КОН ПОУБАВОТО И ПОПРИЈАТНОТО.
Операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов. Тогаш, состојбата на човековиот дух преминува во друга димензија, во која моќта на оперската уметност може негативната енергија да ја трансформира во позитивна, невозможното да го претвори во возможно и апстрактното да го направи конкретно.
 Едноставно, да ја промени реалноста. Токму затоа, во овие времиња кога човештвото се соочува со многу предизвици, за сите оние кои живеат и дишат со оперската музика, токму таа претставува нивниот најголем прозорец кон поубавото и попријатното.
Порачува оперската примадона Милка Ефтимова која е авторка на македонската порака по повод Меѓународниот ден на операта – 25 Октомври 2022
 
Таа ја доживува како особена чест дадената можност во годината кога македонскиот оперски живот прославува два големи и знаајни јубилеја – 75 години од формирањето на националната оперска куќа, и воедно 50 години откако единствениот оперски фестивал во регионов и пошироко, „Мајските оперски вечери“, го започна својот раскошен и спектакуларен од по патот на уметноста, да ја пренесе пораката по повод Светскиот ден на операта.
 
-Во таа чест, како уметник кој со своите сценски креации и концертни изведби, уште од самите почетоци дректно учествувал во испишувањето на историјата на оперското исполнителство кај нас, но и како педагог кој стекнатите професионални знаења им ги пренел на своите студенти, денес успешни и афирмирани оперски пејачи, сакам да ги поврзам минатото, сегашноста и иднината. А, нив, можам да ги поврзам само со љубов. Љубов кон животот, љубов кон публиката, љубов кон музиката… Бидејќи операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов, вели Ефтимова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *