МИЈАЛЧО АНДОНОВСКИ ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ВТОРАТА „ОЦР СКОПЈЕ“ – ТРКА СО ПРЕЧКИ НА ТЕРЕНИТЕ НА ГАЗИ БАБА

WEB Телевизија во живо

Денеска во Скопје, на терените на парк-шумата Гази Баба се одржа„ОЦР Скопје“, трка со пречки, чиј поддржувач е приватната општа болница „Ре-медика“, и е втора по ред кај нас, по „Леуново ОЦР“, која беше во месец мај,годинава. 
 
На стартната линија се појавија над 200 натпреварувачи, од кои педесеттина беа жени кои беа физички подготвени да ја совладаат тешката и напорна стаза во Парк Шума Гази Баба. Мијалчо Андоновски од АК „7-ми Ноември“ беше единствениот учесник од Гевгелија, и еве што тој изјави за ТВ Нова 12 по трката.
 
„ Оваа, како и сите „ОЦР-трки се спортско-рекреативно натпреварување во кое ние, како натпреварувачи требаше пеш да совладаме 10 километри низ шумска патека исполнета со пешадиски пречки, кои требаше да ги совладаме како контролни точки. 
 
Пешадиските пречки претставуваа баланс-греда, качување по јаже, прескокнување преку дрвен ѕид, носење товар (вреќи наполнети со песок во оптимална тежина) на одредено растојание, ползење по кал, фрлање копје, совладување стрмен терен и слични други пречки изработени од дрво и од метал, како и природни пречки што се наоѓаат на теренот, потоци, вирови и слично.
 
Во зависност од темпото на трчање, секоја пречка носеше своја тежина. Сите пречки се совладливи, но потребни се сила и техника, која треба секој натпреварувач да ја има. Трката е наменета за сите физички добро подготвени луѓе, без исклучоци, а пречките беа невидливи за сите нас до самиот почеток.“
 
Инаку, трките со пречки планетарно се раширија и од година на година се сѐ попопуларни. ОЦР-трките се вистински предизвик за лица со завидно ниво на физичка подготвеност, но и за оние што се авантуристи и сакаат да пробаат нешто ново.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *