ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА БАРААТ ПОВЕЌЕ ПРИСТАПНИ РАМПИ ДО ИНСТИТУЦИИТЕ, ЛИФТОВИ, ПАРКИНГ МЕСТА, ТАКТИЛНИ ПАТЕКИ

WEB Телевизија во живо

На последната седница на Советот на Општина Гевгелија, советниците ја проследија информацијата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лицата со посебни потреби.
 
Во координација со здруженијата на инвалидски организации на телесни инвалиди тие, пред советниците ги посочија проблемите со кои се соочуваат во секојдневното живеење и предлози за нивно решавање.
 
Така, овие лица побараа повеќе пристапни рампи, особено до банките, индивидуалните згради, супермаркетите и верските храмови. Покрај ова, овие лица имаат потреба и од посебни паркинг места, лифтови во станбените згради каде тие живеат.
 
За лицата со оштетен слух и говор има потреба од толкувач на ниво на локалната самоуправа, за лицата со оштетен вид изградба на тактилни патеки особено до Здравствениот дом и Општата болница, повеќе сообраќајници со спуштени рабници, како и звучни семафорски уреди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *