КАРВАНОТ „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ“ ДЕНЕСКА БЕШЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Стекнување со знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата, како и средби со пратениците од општините се дел од парламентарниот карван што денеска е во Гевгелија. Освен едукативна, активностите имаат за цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Собранието.
 
Како што информира собраниската прес-служба, карванот „Собрание за граѓаните“ ќе посети 12 градови низ земјата, додека завршниот настан ќе се одржи во Скопје.
 
Проектот се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“ која што е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарската Амбасада.
 
Активностите почнаа на 25 октомври во Штип, а вчера во Кавадарци. Карванот ќе биде во Струмица на 28-ми, во Радовиш на 31 октомври, во Кочани на 1 ноември, во Велес на 2-ри, Прилеп на 3-ти, Битола 4-ти, Охрид 7-ми, Дебар 8-ми и Гостивар 9 ноември.
 
Парламентарниот карван ќе биде заокружен со завршен настан којшто е закажан за 12 ноември (сабота), во паркот Жена-борец.
 
Во текот на карванот, граѓаните ќе имаат можност да се стекнат со знаења на теми како историја на парламентаризмот, процесот на донесување закони, мандат и имунитет на пратениците, односи со другите институции на власта, организација и функционирање, парламентарни избори, како и политичка контрола и надзор над Владата од страна на Собранието. 
 
На секоја од локациите каде што ќе се одржува карванот ќе бидат присутни и пратениците од соодветната општина, при што граѓаните ќе имаат можност со нив да воспостават директен контакт и да разменат мислења.
 
Кампањата „Собрание за граѓаните“ се реализира во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, 10-годишен проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Македонија. 
 
„Програмата за парламентарна поддршка“ се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *