ИЗЛЕЗЕ КНИГАТА „ДОБЕРОС“-АНТИЧКИОТ ГРАД НА ИСАР МАРВИНЦИ НА ЦОНЕ КРСТЕВСКИ

„Денес пред нас лежат остатоци од најзначајниот пункт во Македонија во првиот милениум пред нашата ера. Тоа е град што во текот на своето илјада и петстотини години постоење достигнал зенит во културниот развој на своето време како ѕвезда водилка во валандовскиот регион и Повардарјето.
 
Книгата на Цоне Крстевски е една заокружена целина за текот на истражувањата и резултатите до кои е дојдено. Таа треба да го прикаже градот на Исарот, претпоставениот Добер, на пошироката јавност, и во исто време да им послужи на истражувачите во иднината како автентичен документ и да ги потсети за сè она што се случувало во минатото, од откривањето на овој бисер на македонската археологија до неговата афирмација како најмакедонски град во предримско и римско време.“
 
Од рецензијата
Книгата, во издание на „Антолог“, е двојазична, македонско-англиска, и, со многубројниот илустративен материјал, се даваат исклучителни податоци за овој антички град. Според изјавите на рецензентите, овој труд ќе биде основно градиво за идните студенти по археологија заинтересирани за римскиот период, поточно за градот на Исарот во село Марвинци – ДОБЕРОС.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *