ИГОР КОЦЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НАСТАПИ НА ПРЕСТИЖНИОТ ЉУБЉАНСКИ ПОЛУМАРАТОН

WEB Телевизија во живо

Вчера, недела, 23 октомври, во главниот град на Словенија се одржа 26-тиот Фолксваген Љубљански маратон. На најголемиот спортско-рекреативен настан во Словенија настапија околу 14.000 тркачи, на 10, 21 и 42 километри. 
 
Стартот беше за сите трки во исто време, додека полумаратонот долг 21 километар се сметаше за словенечко државно првенство.
 
Игор Коцевски, беше единствен претставник од АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија. По враќањето Коцевски ни изјави дека иако времето било врнежливо, сепак, тој без проблеми ја истрчал патеката. 
 
Задоволен е од настапот и од организацијата и од фактот што на овој маратон, на кој пред пандемијата настапувале и над 30.000 тркачи, и оваа година имало голем број на атлетичари од Македонија.
 
Етиопјанецот Гебрецадик Абраха славеше во маратонот, целта ја мина за 2.06:09.
Унгарецот Левенте Семереи убедливо победи на 21 километар со рекорд на патека од 1:04:08 часа.
Ахмед Ел Мазури (30:19), италијански претставник со марокански корени, победи на 10 км.
 
По пандемијата Ковид-19, годинава маратонот по бројот на учесници се уште не е вратен во старите времиња. Заклучно со 2015 година, бројот на учесници на Љубљанскиот маратон се зголемуваше од година во година во сите категории. 
 
Во 2018 година, настапија 20.587 учесници, во 2019 година имаше вкупно 19.612 учесници во текот на два дена со рекордно високи температури, а во последните две години настанот беше многу погоден од пандемијата на коронавирусот. 
 
Поради ова, маратонот беше откажан во 2020 година, но минатата година се одржа со значително намален број на учесници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *