ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

И ПОКРАЈ ЛОШИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ ОРГАНИЗИРАН 18-ОТ МЕМОРИЈАЛ „ДИМИТАР КАНГОВ-КАНГАТА 2022“

Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ Гевгелија во неделата, на 2 октомври, го организираше традиционалниот, 18- ти Меморијал “Димитар Кангов – Кангата” 2022.
 
На овогодишниот меморијал учествуваа 70 учесници планинари од кои 17 ученици од ОУ Климент Охридски Миравци, како и гости од ПСК Фри Хикерс Неготино, ПК Серта Неготино, СПЕД Клепа Росоман Росоман, СПК Клепа Градско.
 
Поради лошите временски услови на стартот предизвикани од силниот ветер и маглата, организаторот донесе одлука учениците од Миравци да имаат акција од Планинарскиот Дом Томе Шутов до село Серменин и назад, додека останатите планинари се обидоа да ја реализираат предвидента патека, но на Марково Езеро ЗПСК КОЖУФ Гевгелија како организатори на меморијалот го прекина искачувањето на врвот. Додека една мала група од Неготино на своја одговорност го искачија врвот Зелен Брег, висок 2166 метри.
 
Овој меморијал спортскиот клуб го организира во чест на нивниот долгогодишен член Димитар Кангов – Кангата, кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на Кожуф планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *