ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ И ФК „КОЖУФ“ СПОГОДБЕНО ЈА ПРЕКИНАА СОРАБОТКАТА

Второлигаш од Гевгелија, тимот на ФК „Кожуф“ деновиве спогодбено се раздели со досегашниот тренер, поранешниот македонски селектор, Ѓоре Јовановски.
 
Да потсетиме дека Јовановски пред три месеци потпиша договор со гевгелискиот второлигаш, но по се изгледа дека и двете страни не се задоволни од тоа како екипата на „Кожуф“ стартуваше во второлигашката сезона.
 
Имено, во овој момент Кожуф е на 10. место на табелата во Втората македонска лига, а во последното коло беа поразени со 2:0 од Караорман во Струга.
 
Во разговор за ТВ Нова 12, по потпишувањето на едногодишниот договор, Јовановски беше оптимистички расположен, кога изјави дека доаѓа во Гевгелија да направи од „Кожуф“ тим достоен за почит, тим кој нема да се бори за опстанок во лигата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *