ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ГЕВГЕЛИЈА Е МЕЃУ 20-ТЕ ГРАДОВИ ВО КОИ НЕМА НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Во 20 градови низ Македонија нема ниту еден случај на коронавирус. Покрај Гевгелија, тоа се Кичево, Кочани, Струга, Ресен, Радовиш, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.
 
Во Македонски Брод, Крушево, Кратово има по само 1 случај, додека пак во Тетово и Струмица по 2 случаи.
Во Скопје пак има најмногу – 190 случаи, а по него следуваат Прилеп со 30 случаи, Битола 21 случај, Кавадарци 8, Охрид 6, Куманово и Штип по 5 случаи и Велес, Гостивар и Неготино со по 4 случаи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *