ЕДУКАТИВЕН ИНТЕРАКТИВЕН НАСТАН НА ТЕМА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА ЗА ИДНИТЕ ДОКТОРИ

WEB Телевизија во живо

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултиплa склероза (МС) и Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА),како рамноправни партнери/соработници, во Деканатот на медицинскиот факултет организираа„Едукативен интерактивен настан за идните доктори“, на тема „Мултипла склероза, патофизиологија, симптоми, дијагноза, приказ на случај“, со цел подигнување на свеста и интересот на идните доктори и специјализанти за оваа болест и приближување до искуствата што ги преживуваат пациентите со МС од друг агол.
На овој настан учество зедоа:
– Доц. Д-р. Игор Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија -Скопје;
– Студент на Медицинскиот факултет со приказ на случај и
– присутен пациент со мултипла склероза, кое му даде сосема нова димензија на самиот настан.
 
Притоа, студентите имаа можност теоретски да се запознаат со симптомите,процесот на дијагноза,изборот на третман и практично да го видат и да го осознаат презентираниот пациент.
На настанот присуствуваа повеќе од 250 студенти, специјализати, стручен медицински персонал, соработници и поддржувачи кое претставуваше одличен показател и охрабрувачки сигнал дека мултипла склерозата е во фокусот на интерес на идните доктори.
Овој настан,како една од активностите во рамки на Националните денови на мултипла склероза, беше организиран за студентите по медицина, специјализанти, доктори заради подетално запознавање со оваа хронична болест или кои имаат интерес за едукација во ова поле, со цел поголема едукација која ќе овозможи квалитетен стручен тим на доктори кои би обезбедиле полесно утре за пациентите со мултипла склероза, бидејќи сегашниот стручен кадар со тек на време ќе го оствари правото на пензија, а на пациентите секогаш ќе им бидатпотребни доктори – врвни во својата област, затоа што мултиплата склерозата е макотрпно секојдневие на пациентите, како и предизвик за членовите на нивните семејства, која за жал НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА.
 
Што е мултипласклероза?
Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица.Таа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем (ЦНС).Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација.
 
Кај нас се регистрирани повеќе од 1.500 лица со МС додека во светот има повеќе од 2,8 милиони лица.Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20-та до 40-та година, и околу два-три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *