ДВОДНЕВЕН ФЕСТИВАЛ НА „ЛИТЕРА“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Викендов што изминува во Гевгелија беше во знакот на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, а во организација на Домот на културата „Македонија“. 
 
Најмалите гевгеличани имаа можност да се запознаат со процесот на создавање сликовница, беше одржан разговор на тема „Сликовница без граница“, а во фоајето на Народниот театар беше отворена и изложбата „Дом без граници“, на која беа прикажани илустрации на авторите: Кристијан Јовановски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова.
 
Децата учествуваа на работилници каде учеа како се прави сликовница, а исто така се читаа сликовници за деца од домашни автори. Патувачкиот караван на „Литера“ ги посети основните училишта „Владо Кантарџиев“ и Крсте Мисирков“ во Гевгелија и „Ристо Шуклев“ во Негорци.
 
За самиот фестивал, директорката на Домот на културата „Македонија, магистер Мирјана Крстева Массети изјави :
„По подолго време децата ќе може да размислуваат во боја. Илустрацијата е многу важна, а јас како ликовен уметник сметам дека е исклучително важно децата визуелно да го запознаат светот. Многу е важно да се промовираат вистинските вредности во однос на умeтеноста, културата и начинот на живеење. Работата со деца е како да се занимавате со иднината. Македонската илустрација во последните неколку години е во голем подем и тоа благодарение токму на „Литера“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *