ДВЕ ГОДИНИ БЕЗ ВАСИЛ АНГОВ

ФИЗИЧКИ ГО НЕМА , НО ОСТАНАА ДА ЖИВЕАТ НЕГОВИТЕ ПЕСНИ
 
Пред две години, гевгеличани ги потресе веста дека од компликации настанати од коронавирусот,почина нивниот омилен сограѓанин Васил Ангов, пејач и музичар.
 
Музичкиот свет во Македонија, остана без уште еден одличен музичар, со препознатлив, милозвучен глас, кој беше еден од најпопуларните пејачи, таму некаде во средината на деведесеттите години од минатиот век.
 
Неговата музичка кариера започна со песната на неговата сограѓанка Оливера Станковска, „Кому да го дадам срцето“, а продолжи со песни напишани од композиторот Григор Копров. 
 
Има забележителни настапи на македонските музички фестивали „Макфест“ и „Скопскиот фестивал“, и чест гостин на телевизиските музички емисии.
 
На „Макфест 1995“ тој ја отпеа одличната „Премногу ти верував“, која остана негов заштитен знак . Зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“…
 
Во последните години од животот Васил Ангов ги забавуваше и развеселуваше своите сограѓани, на многубројните настапи во живо, низ повеќе гевгелиски локали, заедно со својот син, Димитар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *