ДИМИТАР ЏУНДЕВ :

WEB Телевизија во живо

УСПЕАВМЕ ДА ДОКАЖЕМЕ ПРЕД УПРАВНИОТ СУД ДЕКА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА „МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ МОЖЕ ДА ГО КОРИСТИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!
 
Министерството за правда, со потпис на aктуелниот министер за правда Никола Тупанчевски, вчера донесе решение со кое меѓународното здружение за унапредување и заштита на човековите права „Млади за Македонија“ од Гевгелија може да го употребува зборот Македонија во називот на здружението. Пред две години со потпис на тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ ова здружение доби решение за забрана за употреба на зборот Македонија.
 
На 6 ноември 2020 година тогашниот министер за правда Бојан Маричиќ потпиша решение бр 11-1953 со кое на Млади за Македонија им забрани да го употребуваат зборот Македонија во називот на здружението. Еден од основачите на здружението, нашиот генетичар од Гевгелија, Димитар Џундев покрена спор пред Управниот суд, а адвокат му беше Тони Менкиноски.
 
На 10 октомври годинава Управниот суд пресуди во корист на жалителот Џундев и дозволи регистрација на здружение Млади за Македонија. Во пресудата на Управниот суд се вели дека решението на Министерството за правда од ноември 2020 година било нејасно, необразложено без докази и факти. „Повредени се гаранциите на основните слободи и права предвидени со член 50 и член 51 од Уставот“, пишува во пресудата.
 
Во пресудата се истакнува дека обврската за Северна е на државата, нејзините службени органи и други јавни институции финансирани од државата.
Џундев вели дека со првичното решение на Министерството за правда користењето на зборот ‘Македонија’ му беше забрането на целиот македонски народ, што е апсурдно.
 
„Името Македонија не само што ни беше забрането, туку со одлука на Министерството за правда буквално му беше забрането на целиот славомакедонски народ. Затоа имавме света обврска да не се предадеме и да се бориме, и еве конечно докажавме дека наше основно човеково право е да го користиме името Македонија, бидејќи тоа е наше генетско право, кое го имаме, кое го наследивме, и право според Европската конвенција за човекови права, Универзалната декларација за човекови права, да се идентификуваме како „Македонци“ и да го користиме терминот Македонија.
 
“Млади за Македонија” е студентско друштво кое се бори против промена на името на нашата татковина Македонија. Ние сме непартиска организација кое ги обединува студентите и младите од сите политички спектруми соединети во одбрана на нашето име Македонија. Ние изникнавме помеѓу студентските кругови и решивме да го кренеме нашиот глас против неправдите и националното понижување кое секој ден и се случува на нашата татковина. 
 
Ние НЕ сакаме нашето име, идентитет, јазик, историја и се што е македонско да се смени!
Ние се изморивме од нашите политичари кои не ги штитат нашите македонските национални интереси и решивме сами да ги превземеме работите во свои раце и да стапиме во акција. Ние сме тука за да се бориме за македонските национални интереси! 
 
Ние сме тука за да се бориме за почитувањето на нашите основни човекови права – на нашето право за самоопределување! Ние сме тука за да се бориме за нашето достоинство, чест и углед! Ние сме тука за да се бориме за нашата иднина, за иднината на нашите деца, внуци и правнуци!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *