ДИМИТАР ЏУНДЕВ, ГЕВГЕЛИСКИОТ ГЕНЕТИЧАР КОЈ ИМ ПОКАЖА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ КАКО ТРЕБА ДА СЕ БОРАТ ЗА ИМЕТО И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

WEB Телевизија во живо

„БОРБАТА ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА СВОЈ КРАЈ, ТАА ИМА САМО СВОЈ ПОЧЕТОК“
 
Младиот генетичар од Гевгелија, Димитар Џундев, пред еден месец речиси и беше непознат на пошироката македонска јавност. Џундев е исто така и активист за човековите права. Интервјуто за „Вечер“ , во кој Џундев зборуваше за истражувањето за неговиот старт-ап и истражувањето за потеклото на македонскиот народ, предизвика големо бранување во македонската научна фела.
 
Но, само половина месец по тоа интервју, Димитар повторно предизвика, овој пат вистински „земјотрес“ во јавноста, кога беше објавена судската пресуда на Управниот суд со која се поништи Решението на Министерството за правда со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ не само во името на неговото невладина организација, туку и во целокупната употреба од сите физички и правни лица. 
 
Според адвокатот Тони Менкиновски, кој го застапуваше тужителот, Димитар Џундев, ваквата судска одлука „претставува добиена битка, но војната сѐ уште не е добиена“. Минатиот четврток Министерот за Правда донесе ново решение со кое се употребува за употребата на терминот „Македонија“.
 
Изминатиот викенд, Димитар престојуваше во својата родна Гевгелија. Го искористивме неговиот престој, повторно, ексклузивно за весникот „Вечер“ да поразговараме за тоа што претставува оваа одлука на Управниот суд во неговата „војна“ за тргнување на придавката „северна“ од уставното име на Република Македонија, за наредните негови и на неговото здружение, чекори во докажување на ништовноста на Преспанскиот договор, како и за тоа кога може да очекува македонската јавност објавување на резултатите од долгогодишното истражување на поврзаноста на денешните со античките македонци.
 
– Што значи пресудата на Управниот суд за тебе, за вашето здружение, и што е најважно, какво е значењето на оваа правна победа за користење на името Македонија, без придавката „северна“?
 
„Најнапред, дозволете да се заблагодарам на весникот „Вечер“, затоа што доколку не излезеше интервјуто за моето генетско истражување за потеклото на денешните Македонци, не верувам дека толку брзо ќе дојдеше и пресудата на Управниот суд. Имено, случајот со невладината, и нашето барање за користење на името Македонија, две години стоеше во фиока, а само една недела по објавувањето на интервјуто во „Вечер“, експресно беше закажано рочиште во Управниот суд и донесена одлуката.
 
Во судскиот процес докажавме дека наметнувањето на “северна” ги прекршува моите (но и нашите) основни човекови права и слободи загарантирани со Уставот и Универзалната декларација за човековите права. Оваа правна победа има историска димензија од повеќе аспекти.
 
Прво, судот ја поништи забраната за користење на името Македонија. Иако забраната беше адресирана до мене лично, а причината беше регистрација на здружение, во Решението од Министерството за Правда бр. 11-1953 потпишано од тогашниот министер Бојан Маричиќ, јасно беше изречена забрана до целокупниот македонски народ до го користи името Македонија. Забраната само беше адресирана до мене и затоа мораше по секоја цена да се поништи.
 
Второ, со судската пресуда се признава правото на сите физички и правни лица внатре и надвор од државата да го употребуваат името Македонија без зборот северна. Во целиот судски процес, Министерството за Правда тврдеше дека апсолутно секој мора да ја користи северна ERGA OMNES со целокупната употреба од сите и кон сите. 
 
Министерството за правда не само што изгуби, туку според судската одлука Македонија без северна може да се користи и во странство. Судскиот процес беше за правото на користење на терминот Македонија, а (регистрацијата на) здружението беше само изговор кој го искористивме за да имаме основа да поведеме судски спор.
 
Трето, ова е прв пат во нашата држава една државна институција да застане против друга државна институција и директно да и нареди да престане да ја наметнува употребата на “северна”. Историската иронија е што “северена” ја победивме токму во тужба против самото Министерство за Правда, а самата победа ја постигна човек кој воопште не е ни правник.
 
Четврто, докажавме дека и во Македонија се може, ако се сака и во Македонија може да се успее во целта, па макар таа да е и против највисоките државни институции задолжени за правото во државата. Покажавме дека во 21виот век битките се добиваат институциинално, а правните механизми успешно може да се користат за одбрана на македонските национални интереси и човековите права на македонскиот народ.
 
– Зошто не остана на генетското истражување, туку поведе и правна битка за името Македонија?
 
„Сметам дека нема логика јас да го истражувам генетското потекло на македонскиот народ, а во исто време да не гледам што се случува во мојата татковина Македонија. Затоа, во турбулентните времиња во 2018 година се вратив од Копенхаген во Македонија и ја започнав битката за почитување на основните човекови права и слободи на мојот македонски народ, кои се загарантирани со нашиот Устав, но и со Универзалната декларација на ОН за човековите права. Со истомисленици основавме невладина организација преку која организиравме многу протести, кампањи и лобирања до ОН и други релевантни меѓународни институции, а против промена на нашето уставно име Република Македонија со додавањето на придавката „северна“.
 
Правната битка не е завршена со оваа пресуда, но ние одиме натаму и не се откажуваме се до тогаш додека не успееме да го вратиме нашето уставно, но и историско име Македонија. Северна не постои, тоа е измислица на еден човек кој нема апсолутно никакво право на мене, на мојот народ и на мојата татковина да ни го смени нашето име.
Сега за сега ја имаме поништено забраната за користење на името Македонија и го имаме вратено правото на македонскиот народ како поединец да може да го користи името Македонија, што е само по себе огромен успех. 
 
Наредната цел ќе биде со правни мерки да ги принудиме сите државни институции да престанат да го користат зборот „северна“ пред Македонија. Проблемот со овие институции е во тоа што токму политичарите, кои носат политички а не правни одлуки, се одговорни за тоа дали ќе донесат политичка одлука за ова. Мојата должност како активист за човековите права на македонскиот народ е целосно бришење на зборот „северна“ од името на државата, кое е променето нелегално и против нашата слободна волја.
 
Ќе ги искористиме сите правни средства да ги принудиме сите државни институции да престанат да го користат зборот северна. Знаеме дека оваа правна битка може да трае со години, но како што ја добивме битката за користење на името Македонија, цврсто верувам дека ќе ја добиеме и битката за враќање на нашето уставно име.
 
Ова го темелам на многу факти. Промената на името започна со отворање на Уставот со 80 наместо со 81 пратеник, Уставните измени се потпишани од претседателот на Собранието Талат Џафери, кој беше избран со помалку од 61 пратеник. Преспанскиот договор не беше потпишан од Претседателот на државата, а за уставните измени беа уценувани пратеници во македонското Собрание.
 
Некои работи не се лесни, но ние мораме да ги направиме. Доколку враќањето на името на државата беше лесно, досега ќе беше вратено. Но не е. Имам стратегија и ќе направам се што е потребно да го вратиме името. Само не очекувајте тоа да се случи веднаш, судските спорови ќе траат со години, како што е впрочем е искуството од последниот судски спор кој го добивме. Поминаа повеќе години, но на крајот не ја постигнавме првата правна победа против „северна“.
 
– Дали наредната цел на здружението е правно поништување на Преспанскиот договор?
 
Да токму така. Но одиме чекор по чекор. Преспанскиот не може да се поништи за ден или два, ќе биде потребно години и години, но еден ден ќе го поништиме тој договор, и ќе напоменам ќе го поништиме по секоја цена.
 
– На крајот, до каде сте со генетското истражување на потеклото на Македонецот?
 
„Работиме непрекинато на ова поле, вршиме и додатни истражувања, со цел да откриеме кои луѓе кои живеат во Македонија потекнуваат од античките македонци, каков е тој однос во одредени региони. Во меѓувреме од објавувањето од објавувањето на нашето последно интервју, имаме напредок во секвенционирањето на целиот геном, односно секвенциониравме уште 2 генома. Но ова е обемно истражување и сето тоа ќе одземе многу време. Најбитно ми е да имаме највисок можен квалитет и да имаме резултати поткрепени со највисоките можни стандарди.
 
Инаку, со адвокатот Мекиноски до последен момент размислувавме дали во тужбата за користење на името Македонија да ги презентираме и поднесеме и целокупнпто истражување кое е на околу 600 страници, но сепак решивме да не отвораме два фронта истовремено, иако еден дел од резултатите ги спомнавме пред судот.
 
И, за крај, ќе нагласам дека борбата за човековите права и слободи, а особено борбата за Македонија, нема свој крај, таа има само свој почеток. Од тоа што ќе го направиме денес, од нашите постапки, пожртвуваност и труд, зависи не само нашата индивидуална иднина, туку и иднината на Македонија и македонскиот народ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *