ДЕЈАН МАЛЗАРКОВ, СИТ ДАУН „ДИВЕРЗАНТОТ“ ГО ИСПОЛНУВА ВЕТУВАЊЕТО : ТРГНА ДА ЈА ОСВОЈУВА И МАКЕДОНИЈА!

Diverzija Production со sit-down комедијата „Митинг“ на нашиот сограѓанин Дејан Малзарков, кој стана претпознатлив бренд за Гевгелија со неговиот талент за глума, во петокот, на 14 октомври приреди настан без реприза во преполнетата сала на Домот на културата во Валандово.
 
Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас по Струмица и Кавадарци го продолжија митингувањето во Валандово на задоволство на публиката која реагираше на речиси секоја нивна реплика.
 
Ако во Струмица повикот за присуство на митингувањето беше гледачите да дојдат најадени бидејќи нема бесплатен сендвич, во Кавадарци како влезница можеше да се покаже кашкавал во плико, од Валандово претпоставувам Дејан се враќа со џебови преполни со калинки.
 
Токму на шест годишнината од „Диверзија“, Дејан Малзарков настапи пред полната спортската сала „26 Април“ во Гевгелија и со тоа успеа да го потврди статусот на еден од најголемите стенд ап артисти во Македонија.
 
Тогаш, во разговор за ТВ Нова 12, по настапот во Гевгелија, го запрашавме Дејан што понатаму. Еве го неговиот одговор, кој, како и секој одговорен политичар, Дејан си го остварува полека но сигурно.
 
„Подготвуваме и гостувања низ Македонија, да го промовираме гевгелискиот дијалект во оваа наша преубава татковина. Проблем со инспирацијата немаме. 
 
Во име на Диверзија, ги поздравувам сите Македонци и им порачувам на сите оние кои што ќе дојдат на нашите митинзи, дека се она што ќе им го ветиме, со мала помош на Господ и да им се оствари“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *