ЦРКВАТА „СВЕТИ ДИМИТРИЈ“ ВО СМОКВИЦА Е НАЈСТАРАТА ЦРКВА ВО ГЕВГЕЛИСКО

WEB Телевизија во живо

Селото Смоквица се наоѓа во гевгелиско-валандовската котлина, десно од автопатот Скопје – Гевгелија. Има убаво уредена црква посветена на свети великомаченик, Димитриј, лоцирана во северозападниот дел на селото. Православниот храм е подигнат во првата половина на 19-от век, околу 1830 –та година, кој поради својата дотраеност е обновен во 1905 година од градителската тајфа на Андон Китанов. 

Инаку, црквата е зографисана во 1846 година, што се гледа од натписот над главната влезна врата(од внатрешната страна) на јужниот ѕид.

На самиот влез во црковниот двор, од десната страна, се наоѓа камбанаријата, која, по разурнувањето во 1990 година од земјотресот,, била обновена во 1993 година. Спроти неа, во дворот на црквата, има столб со плоча од античко време, како и статуа до јужниот трем на храмот.
 
Надворешниот изглед на црквата не е доволно атрактивен, поради вкопувањето на објектот, изграден во времето на на турското владеење на овие простори. Тогаш, власта забранувала да се градат христијански храмови кои ќе ги надвишуваат муслиманските свети објекти(џамии, месџити и сл.)
Над главниот влез од јужната страна има насликано фреска на света Богородица со богомладенецот Исус Христос, како и фреска со претстава на свети Димитриј, патронот на црквата, кои потекнуваат од 18 и 19 век, нацртани во летото 1847 од „руки Апостоли од Крушево“.
 
Фрески има само на јужниот ѕид, додека северниот ѕид не е живописан.. На фреските се прикажани свети Спиридон, свети Атанасиј, света Троица, свети Петар и Павле, свети Никола, свети Јован Богослов, свети Кузман и Дамјан, света Недела, света Марија Египќанка, свети Григориј и свети Игнатиј.
Внатрешноста на црквата е исполнета со повеќе црковни предмети, архиерејски трон во резба, амвон декориран со насликани мотиви од раастителниот свет, целивание во резба со иконата посветена на свети Георгиј,, дрвени свеќници со потекло од 19 век и друго.
 

Според својата архитектонска форма, црквата е трикорабна со дрвени тавани, од кои средниот е поизвишен и е покриен со квадратни полиња изведени со тенки лајсни. На средината на главниот кораб има насликано икона на платно со претстава на Исус Христос Вседержител. Храмот има убав иконостас што го исполнуваат вредносни икони и убави царски двери, изработени од Андон Китанов. 

Украсата на царските двери е слична на оние во Конско и Серменин, со единствената разлика што на дверите во Смоквица на средината има извајана барска птица, со змија во клунот и вазна со цвеќе.
Одличниот зограф Михаил од село Самарина, во Епир, мошне успешно и смело ја насликал иконата со претставата на Исус Христос Седржител, со запис, „Сија икона приложи кир Дамјан Митровиќ, 1843 г. Иконата со претстава на патронот на црквата свети великомаченик Димитриј на коњ целосно е обложена во бакрорез, со исклучок на главата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *