ЧЕТВОРИЦА ЧЛЕНОВИ НА „ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ“ УЧЕСТВУВАА НА РЕКРЕАТИВНАТА ВЕЛОСИПЕДСКА ТУРА „ВЕЛЕС МТВ ТУР 2022“

Во организација на ЗГ “Велес Бајкинг“-Велес, по 9-ми пат се организираше IX-та Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2022“. Меѓу големиот број на „браќа по точак“, на оваа рекреативна велосипедска тура се најдоа и четворица членови на Гевгелија точак клуб“, Петар Пубреклиев, Дејан Ѓоргиев, Зоран Периќ и Христијан Матаничков.
 
Тие поминаа интересна велосипедска авантура по Велешките ридови и возеа покрај Вардар по извонредно возбудлива singl trail патека. Како што ни рекоа, покрај дружењето и возењето, ова рекреативно возење завршило со дегустација на најубавата пита пастрмајлија на светот и на крај голема забава во Chateau Sopot Makedonija, една од најубавите македонски винарии, која беше истовремено и покровител на целокупниот настан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *