ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЦЕЛОВЕЧЕРЕН КОНЦЕРТ НА МАЈА ПОПОВИЌ КАРАИВАНОВА

Вечерва, вторник, 25 октомври 2022 година, ЈОУ Дом на култура „Македонија“ организира целовечерен концерт на пијанистката Маја Поповиќ Караиванова. На концертот, кој ќе се одржи во малата сала на Народниот театар и ќе започне во 19 часот, Поповиќ Караиванова ќе изведе дела на Ѓуман, Цанев, Пјацола…
Маја Поповиќ е родена во Скопје, каде и го завршува основното и средното музичко образование (класи на Снежана Чадиковска и Марија Писинова). Дипломира во 2003 год. со највисоки оцени на одделот за пијано на ФМУ во Скопје (класа на Евушка Елезовиќ), каде ги завршува и магистерските студии во 2011 година.
 
Во текот на школувањето активно учествува на мастер класите кај реномирани пијанисти и педагози: Борис Романов, Јокут Михајловиќ, Арбо Валдма, Жени Захариева, М. Молова. Носител е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари по музика.

Како солист и камерен музичар настапувала и реализирала концерти во низ целата држава, во рамки на фестивалите и манифестациите „Скопско лето“, „Прилеп, град на културата“, „Прилепско лето“, „Гевгелиско лето“, и на меѓународната сцена во Ниш, Белград, Софија.
Денес работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *