ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

БЛАГОВРЕМЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“

Од жителите на улица Илинденска и Ѓоко Тутушев ја пренесуваме благодарноста за навремено затворање на отворените шахти од кои се ширеше непријатна миризба. Како што напоменуваат жителите, проблемот бил пријавен во текот на вчерашниот ден а веќе утринава екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги затворија шахтите.
 
Од страна на Јавното претпријатие информираат исто така дека на нивната веб страна може да се подигне ОБРАЗЕЦОТ ЗА ПОПЛАКИ и ИЗВЕСТУВАЊЕто ЗА ПОПЛАКИ од последица на работата и однесувањето на спроведувачите на проектот Фаза II, ПРОГРАМАТА ЗА ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА (локалната самоуправа и јавното комунално претпријатие) или од работата на изведувачот на проектот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *