АМБАСАДОРОТ НА ФРАНЦИЈА СИРИЛ БОМГАРТНЕР:

WEB Телевизија во живо

„ИСКРЕНО ВЕРУВАМ ДЕКА ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА И ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА.“
 
Амбасадорот на Република Франција во Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер по посетата на Општина Гевгелија за ТВ Нова 12 ја даде следната изјава:
 
„ Навистина чувствувам големо задоволство што сум за прв пат во официјална посета на Гевгелија. Со градоначалникот Сарамандов разговаравме за различни теми, но преовладуваше темата за предизвиците со кои се соочува Општина Гевгелија во ова време на економска и енергетска криза.
 
Исто така, разговаравме и за можностите за зајакнување на изучувањето на францускиот јазик во сите образовни установи во општината.
Тема на нашите разговори беше и можноста за поголема економска соработка на Република Франција и Општина Гевгелија, особено, во тие рамки и за поголема туристичка промоција на Општина Гевгелија во Република Франција.
Навистина, има многу перспективи кои стојат пред нас, за кои верувам дека во наредниот период ќе се интензивираат уште повеќе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *