23 ЧЛЕНА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ НАСТАПИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ НОЌЕН ПОЛУМАРАТОН ВО СОЛУН

Дури 23 члена на Атлетскиот клуб од Гевгелија „7-ми Ноември“ зедоа учество на трите трки, на 5, 10 и 21 километар на 10-от Меѓународен ноќен полумаратон кој вечерва се одржа во Солун. 
 
Мијалчо Андоновски, Диме Андреев, Мики Петровски, Александра Крајчева, Методија Ичев, Живко Петков, Станислав Стоименов, Орце Цветков, Кристијан Прошевски, Ристо Котев, Драган Ристов, Дарко Прошевски, Никола Нанчев, Андон Дучков, Магдалена Јованова, Горан Јованов, Дијана Ѓоргиева, Гордана Анастасова, Никифор Џалев, Кимо Арнаудов, Игор Коцевски, Ристо Чалков и Влатко Стоименов, настапија на трите трки, на 5, 10 и 21 километар.
 
Ристо Чалков, во трката на 10 километри го освои одличното седмо место, а оваа трка беше одлична можност гевгелиските атлетичари да истрчаат уште една трка, која ќе им биде добра подготовка за Седмоноемвриската трка која за дваесеттина дена ќе се организира во нашиот град по повод Денот на ослободувањето.
 
МЕАС ТРИТОН, со институционална соработка на општина Солун и со поддршка на СЕГАС и ЕАС СЕГАС од Солун, беа одлични организатори на овој познат Меѓународен Солунски ноќен полумаратон – ЗениΘ,
 
Дополнително, утре, во недела на 16 октомври за прв пат ќе се одржи Family Mile (Фамилијарна трка на една милја), со почетна точка во близина на капијата на Солунското пристаниште.
 
Настанот е под покровителство на грчкото Министерство за култура и спорт, на грчкото Министерство за туризам и на Грчката национална туристичка организација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *