15 ОКТОМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БЕЛИОТ СТАП

СЛЕПИТЕ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА СЕ НАДЕВААТ ДЕКА ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА РЕШАВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ
 
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска го одбележува 15 октомври – Меѓународниот ден на Белиот стап. Белиот стап претставува помагало за самостојно движење и симбол за независност на луѓето со оштетен вид.
 
Иницијативата за ден на белиот стап формално започнува од 1964 година во која учествувал тогашниот американски претседател Линдон Б. Џонсон. Оттогаш па до денес ова одбележување на важноста на белиот стап се има проширено во голем број земји низ светот и ги симболизира активното и независното учество на луѓето со оштетен вид во општеството.
 
Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.
 
Нека овој ден уште еднаш по којзнае кој пат не’ потсети и нека биде можност за слепите лица да се потврдат во поширокиот политичко и општествен живот на сите нивоа со цел подобар прогрес и напредок. Со надеж дека отсега секој ден ќе биде 15-ти Октомври и дека вниманието кое го добиваат на овој ден, ќе го добиваат и секој следен. 
 
Со надеж дека очите на јавноста ќе бидат вперени во нив секој ден. Нека Република Македонија биде земја без бариери за слепите лица. Затоа што хуманоста не е доблест, туку обврска на секој од нас. Затоа што тие се тука меѓу нас. И затоа што… Секому може да му се случи.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *