ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗКУД „БРАЌА ТОЛЕВИ“ОД ПРДЕЈЦИ СО ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕР НАСЛОВЕНА „ФОЛКЛОРОТ НЕ ПРАВИ ГОРДИ“ ГОРДО ЌЕ ПРОСЛАВАТ 20 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

На 24 септември, сабота, со почеток во 18,30 часот ЗКУД „Браќа Толеви“ во Прдејци ќе прослави значаен јубилеј, 20 години од своето постоење.
 
По тој повод, како што не информираше претседателот на друштвото, Венци Попов, ќе биде организирана интересна фолклорна вечер, насловена како „Фолклорот не прави горди“, на која покрај домаќините, учество ќе земат, како гости, членовите на КУД „Пискавица“ од Бања Лука, со кои ЗКУД „Браќа Толеви“ негува долгогодишно пријателство, речиси 12 години, како и КУД Негорци.
 
Членовите на ЗКУД „Браќа Толеви“, граѓаните на населеното место Прдејци но и сите жители на Општина Гевгелија, треба да се гордеат со ова друштво, кое на најубав и најдостоинствен начин го претставува богатството на македонскиот фолклор во Македонија и во странство, каде изминатите години имаат настапувано членовите на двете играорни групи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.