ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЖЕЛЕЗОТО И МЕТАЛНИТЕ ПРЕДМЕТИ НА ПРИНЦЕЗАТА ОД МИЛЦИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ АРТЕФАКТИ НА ИЗЛОЖБАТА „ПРВИТЕ КРАЛЕВИ НА ЕВРОПА“ ВО САД И КАНАДА

Изложба со македонски археолошки предмети, кои претставуваат врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата од ова поднебје во наредните три години ќе бидат изложени во Њујорк, Чикаго и во Отава.Ова беше соопштено на прес – конференцијата во Битола, од страна на директорот на Управата за заштита на културно наследство Аријан Асланај, директорите на музеите во Битола, Прилеп и Гевгелија, како и координаторот на проектот Гоце Наумов. Тие ја претставија поканата на Филдовиот музеј од Чикаго, со што се овозможува 19 предмети од неолитот, енеолитот и железното време, пронајдени на локалитетите Врбјанска Чука-прилепско, Шуплевец-битолско и Милци-гевгелиско, во наредните три години да бидат изложени во Северна Америка. -Изложбата „Првите кралеви на Европа“ е најголемата изложба на праисторија во историјата на археологијата бидејќи обединува многу музеи од Европа. Оваа изложба очекуваме да ја видат над еден милион посетители кои прв пат ќе се запознаат со социјалните и религиските аспекти на предисториските заедници. На изложбата во Северна Америка ќе учествуваат музеите од Битола, Прилеп и Гевгелија кои заеднички ќе ја прикажат македонската праисторија, истакна Наумов, кој следната седмица, на 21 септември ќе присуствува на свеченото отворање во Институтот за древни студии во Њујорк.Македонските археолошки предмети шест месеци ќе бидат изложени во Њујорк, потоа ќе бидат поместени во Филдовиот музеј во Чикаго каде ќе бидат изложени во текот на цела 2023 година, и во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава во 2024 година.За изложбата е изработен зборник, уреден од авторите Атила Гјуча и Вилиам Паркинсон, публикуван од престижната издавачка куќа на Археолошкиот институт Котсен при Калифорнискиот универзитет во Лос Ангелес.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.