ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗА 8 СЕПТЕМВРИ БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕЈОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА КАКО И ВО МУЗЕИТЕ И КУЛТУРНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКАТА

По повод Денот на независноста на Македонија – 8 – ми септември (четврток), Националната Установа Музеј Гевгелија ќе ги отвори вратите за посетителите и влезот ќе биде бесплатен.
Музејот ќе биде отворен од 09:00 до 17:00 часот.
 
Бесплатен влез во музеите, галериите и културните установи е дел од програмата на Владата за одбележување на Денот на независноста – 8 Септември. Граѓаните од 11 часот ќе можат да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“ и „Хераклеја“, Музејот Охрид и Куќата на Робевци, музеите и заводите во Прилеп, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија.
 
Во Скопје, ќе бидат отворени за посета, Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, како и Даут пашиниот амам и Чифте амамот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.