ВО МОИН И НОВО КОНСКО ПРИ ПРЕТРЕС КАЈ ДВЕ ЛИЦА ПРОНАЈДЕНО МАРИХУАНА И МУНИЦИЈА

Две лица од Гевгелиските населени места Моин и Ново Конско се приведени откако полицијата при претрес на нивните домови пронашла марихуана и муниција, информира МВР.
 
При претрес на домот на Б.Ѓ. (46) во село Ново Конско, гевгелиско, во дворот бил пронајден насад со растението „канабис сатива“, а во дневната соба се пронајдени четири пакувања марихуана.
 
Тој, како што информира МВР, е притворен во полициската станица во Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
 
Полицијата информира оти извршила претрес и во домот и помошните простории на А.К. (29) во село Моин при што се пронајдени 38 боеви куршуми калибар 7,9 мм, осум боеви зрна и еден боев куршум со непознат калибар.
 
Лицето е лишено од слобода, додаваат од МВР, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *