ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ВИОЛЕТА СТОЈАНОВИЌ, ПЕДАГОГ ВО ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ГЕВГЕЛИЈА:

„КУЛТУРАТА ЗА КРЕАТИВНО СЛОБОДНО ВРЕМЕ НА МЛАДИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ФОРМИРА УЧИЛИШТЕТО А НЕ УЛИЦАТА И КАФУЛИЊАТА.“
 
Како во еден свет на развиена наука и технологија, да се задржи врската помеѓу слободното време и духовната слобода, е прашањето на кое одговор ни дава педагогот во примарната здравствена заштита, Виолета Стојановиќ.
 
„Проблематиката “слободно време” во последно време се повеке станува актуелна тема на која треба да и се оддаде големо внимание и проучување,исто колку и на работата и на политикатаи тоа од аспект на педагошката наука!
 
Воспитно образовните институции денес ги преживуваат своите најдраматични кризи во историјата на своето постоење и го занемаруваат значењето на поимот “слободно време”, кое има енормно значење посебно кога станува збор за реализација на човековата моќ, човековата креативност, потенцијал и среќа.
 
Тоа е време во кое поединецот може да живее во рамнотежа со својата индивидуална природа, да ги развива своите особини и потенцијали и да се развива како личност и тоа по слободен избор!
Слободно време значи, младата индивидуа да избере активност во која ќе ги изрази своите афинитети! Дали тоа ќе биде глума, балет, екологија, проучување на обичаи или собирање податоци од одредена тема, не е важно! Важно е младите да ги прошират своите видици и истовремено да го богатат својот емоционален свет!
 
Образованието и слободното време се во интеракциски однос, делови од ист процес!
Затоа, ако сакаме како современо опшество да избегнеме многу социјално неприфатливи однесувањакај младите( дрога, алкохол, физичка пресметка, денгубење), потребно е во училиштата сериозно да се програмираат слободни активности каде младите ќе најдат задоволство, работа и добра рекреација.
 
Добрата организација на активности ќе значи задоволство на младите во спортски, ликовни, музички, технички, хемиски, еко секции и др… Училиштето со овие свои активности ги привлекува младите индивидуи не поради оценки,дипломи, туку поради правилно користење на слободното време и за саморазвој. Рекреацијата ја поттикнува креативноста и го подобрува односот према работата и учењето!
 
Културата за креативен одмор на младите, треба да ја формира училиштето, а не улицата и кафичите!
Во последните неколку години, е забележана тендецијата, млади деца(и под 18 год.), да излегуваат во касните вечерни часови, а дома се враќаат во раните утрински часови. Родителите имаат слаба контрола на ова, а наставниците не се упатени во начинот на кој тие го поминуваат своето слободно време.
 
Како би се избегнало ова, треба да се прошируваат нови знаења, да се запознаваат нови јазици и да се припремаат децата за влегување во процесот на работа.. На тој начин, ние ги спречуваме да се впуштат во консумирање на недозволени средства или впуштање во различни криминални активности, за кои голем број деца потврдуваат дека го пробаат или работат од досада, чувство на неисполнетост или “како да откријат нешто ново”.
 
Затоа училиштата, родителите и другите институции, треба взаемно заеднички и организирано да делуваат, како би можеле да им бидат достапни на децата со адекватни содржини и активности, со што би им овозможиле правилен раст и развој!
Еден ден децата ќе ни бидат благодарни за тоа!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.