ВЕЧЕР НА ПОЕЗИЈА И АФОРИЗАМ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во вторник, на 20-ти септември 2022 година, во 19 часот во малата сала на Народниот театар во Гевгелија во организација на библиотеката „Гоце Делчев“ќе се одржи Поетско-афористична вечер со учество на поети и афористичари од Гевгелија, Велес, Струмица и Штип.

Ќе настапат поетите: Стефчо Стефанов, Жаклина Атанасова, Олгица Ќурчиева, Димитар Арнаудов, Томе Таушанов, Кирил Канговод Гевгелија, Лили Арсова и Јасмина Горгиева од Велес и Марија Брндевска од Струмица.
Покрај поезија, на настанот е предвидено читање афоризми од: Љупка Цветанова од Штип, Ацо Георгиев и Ристо Филчевски од Струмица, како и Атанас Крлевски и Димитар Вилазорски од Велес.
 
Читањето ќе биде поделено во два круга по една песна и по 10 афоризми во секој круг од секој автор. Модератор ќе биде Јасмина Горгиева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *