СО ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА, ЗПСК „КОЖУФ“ ГО ОДБЕЛЕЖА 70 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

WEB Телевизија во живо

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија е формиран во далечната 1952г. од преживеани борци од НОБ, па оваа година тие прославуваат значаен јубилеј- 70 години постоење.
 
По тој повод во текот на целата 2022 година беа организирани разни активности. Реализирани се повеќе општествени акции како еколошка акција (исчистен отпадот долж патот од с.Ново Конско до над Смрдлива вода) акција за пошумување (засадени 6.000 борчиња и багрем), и приклучување кон акцијата за пошумување на друго здружение каде засадивме уште 5.500 дрвца, крводарителска акција (собрани 50 единици крв), акција во природа ” родители и деца на Кожуф планина” со учество на над 50 учесници. Имаше организирано и мал свечен дел во Народниот Театар во Гевгелија со изложба на фотографии од разни акции и подвизи на Планинарски Клуб низ годините како и доделување на Благодарници, Плакети и Признанија на заслужни членови.
 
Предвидена беше и дводневна планинарска акција на Кожуф планина со кампување на Марково Езеро на 2000м. во шатори во месец јуни. Но поради лошите временски услови таа беше одложена за 17/18 септември.
На први септември официјално беа поканети сите Планинарски Друштва/Клубови од нашата држава со кои нашиот Клуб соработува со известување дека акцијата ќе се реализира во еден ден поради ниските температури овој период од годината на 2000м. височина.
 
Во самата планинарска акција учествуваа 150 учесниц, планинари, велосипедисти, рекреативци и ученици од повеќе Клубови од државата и тоа : ГТК Гевгелија Точак Клуб, ПСД Фри Хајкерс Неготино, КПС Азот Велес, СРСП Убај Деца Велес, ЕПД Картуш Прилеп, Фитнес Студио Лејди Фит Прилеп, ПЕГ Турниме да кинисам Битола, ПАОК Ентузијаст Струмица и ПСК Голак Делчево, како и учесниците на сите наши поголеми акции кои се организираат на Кожуф планина а тоа се учениците од ОУ Климент Охридски Миравци.
 
Поради лошите временски услови, оние кои имаа соодветна опрема се упатија кон врвот К92 висок 2112м. додека ПСК Голак Делчево кои имаа 20 ученици заедно со членовите на ЗПСК „Кожуф“ се упатија на врв Момина Чука 1851мнв, по густа магла, каде се направи мала пауза а потоа спуштање кон Марково Езеро каде беа пречекани од екипата на Точак Клуб Гевгелија кои заедно тргнаа до Аџибарица. Откако акциите завршија сите учесници се упатија во Планинарски Дом каде следеше заедничка дружба и ручек.
 
Одбележувањето на овој јубилеј доби и хуманитарен карактер така што собраните средства (14.000ден.) од котизација како и поставената кутија во домот за донации ќе се донираат на младата наша сограѓанка Емилија со цел да се помогне во изнајдување на дијагноза за нејзиниот здравствен проблем.
ЗПСК Кожуф е секогаш со младите, и се залага за нивно активно вклучување во природата и запознавање со планинарството. Имаме соработка со сите основни и средни училишта и на секоја наша поголема акција која ја организираме на Кожуф планина ги покануваме и спонзорираме во дел на превоз и храна,со цел да ги мотивираме што помасовно да излегуваат во природа.
 
На оваа наша акција како и секогаш беа доделени и Признанија за учество на најмладите учесници, а тоа беа Благоја Љатев, Кристијан Старделев , Хана Малевска, Лара Џишева, Ѓорги Костадинов, Јован Мандалов, Ангел Карајков, Димитар Дуков (КПС АЗОТ Велес).Највозрасен учесник беше нашата долгогодишна членка Милена Карагонова.
Доделени беа Благодарници за учество на акцијата на сите Клубови учесници како и на еден од нашите генерални спонзори Екстрем.мк Велес.
 
ЗПСК КОЖУФ Гевгелија, им се заблагодарува на сите учесници на планинарската акција по повод 70 годишниот јубилеј, Благодарност и до своите членови кои дадоа свој придонес за нејзина реализација како и на генералните спонзори: Општина Гевгелија, ФПСМ, Екстрем Велес, Итек системс, NG Bouwen met natuursteen Holland, Контихидропласт Гевгелија.
 
Како и на останатите помагатели: Алфабет печатница Гевгелија, Тобако Итар Пејо Гевгелија, Биг Миџо продавница Стојаково, Иван и Бети Ристов Гевгелија, Ле-Ни тобако Гевгелија, Пајдаков ДОО Гевгелија, Булевар Тобако Гевгелија, Аполонија Фондација, Бајк Центер Гевгелија, Spider-Net Gevgelija, бутик Годи ДОО Макали Гевгелија, Добра Работа Гевгелија, Жито Пром Гевгелија, Моделс Гевгелија, г-дин Christiano Rijnders, Риго Импекс Гевгелија, Випро Гевгелија, ММ Пекара Богданци, Алу Глас Гевгелија, ТВ НОВА Гевгелија, Баџо Богданци, ТП КА-ТА Богородица, сендвичара АПНИ СИ Гевгелија, Турист М Гевгелија, Рина Ком Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *