СЕ ПОКАЖА УШТЕ ЕДНАШ ГОЛЕМАТА ХУМАНОСТ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ:

WEB Телевизија во живо

РОДИТЕЛИТЕ НА МАЛИОТ ДАМЈАН ОБЈАВИЈА, СО ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ, ДЕКА СЕ СОБРАНИ ПАРИЧНИТЕ СРЕДСТВА ЗА НАТАМОШНО ЛЕКУВАЊЕ НА НИВНИОТ СИН.
 
Почитувани пријатели !
Еве веќе 20 дена откако почна хуманитарната акција за донации за нашиот син Дамјан.
Ние како родители во Истанбул се најдовме во шах мат позиција , а вие во потполна слобода за безусловна љубов се обративте спрема нас .
Не се опишува со зборови како сето ова изгледаше од наша страна , како љубовта ваша го победуваше стравот во нашите срца .
Им благодариме на СИТЕ од ЦЕЕЕЛ свет кои беа наша поддршка и за сета неизмерна љубов многу значајна за нас во такви неизвесни и тешки моменти , за секоја утеха ,за секоја надеж дека ќе биде се во ред , за сите молитви упатени кон Бога и кон Мајката Божја и сите светии .
Како родители, нашите срца станаа непрестан извор на необјасниви благодарствени солзи.
Објавуваме со радост и со спокој во душите и со благодарност кон Бога и кон вас дека паричните средства кои беа предложени за донации се СОБРАНИ
ВЕ САКАМЕ МНОГУ И ПРЕГОЛЕЕЕЕМО БЛААГООООДАААААРАААААМ !
Фамилија Хаџи Николови
“…гладен бев и Ми дадовте да јадам ;
жеден бев и Ме напоивте,
странец бев и Ме примивте ;
необлечен бев и Ме облековте ;
болен бев и Ме посетивте ;
во затвор бев и дојдовте кај Мене ;….
….Вистина , ви велам : доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа , за Мене сте го направиле . “-
вели нашиот Господ Исус Христос
May be an image of 2 people, child, people standing and text

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *