РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА-ПРАЗНИК НА МАЈКАТА НА СИТЕ МАЈКИ И ЗАШТИТНИЧКА НА ЖЕНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.
Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на празникот биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем дел од денот.
 
Жените така не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
Постојат верувања дека на Мала Богородица не треба да се работат работи кои се работат со раце.
На празникот наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.
Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. 

Стефан Тановиќ сведочи дека во Гевгелиско празникот Мала Богородица се сметал за тежок и аталија празник, а во селото Богородица на овој ден се одржувал голем панаѓур. С. Тановиќ сведочи дека селото Богородица името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух.
 
Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. 

Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.
На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.
 
Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.
Иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.
 
Според сведоштва запишани во манастирските книги, во Втората светска војна фaшиcтитe повеќе пати ја фpлaле иконата во езерото, но таа секогаш се враќала на брегот кај манастирот. Едно предание говори дека врзана со челични cинџиpи ја пoтoпувале во средината на езерските води за да се yништи, но како што била потопувана иконата се ocлободувала од синџирите и повторно била крај манастирот.
 
Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ. На секој што се мoли со искреност, вера и чисто срце таа му помага да се излeчи. Препознатлива е по дарувањето деца на бездетните, што го потврдуваат многу двојки, кои со својот пород доаѓаат да се поклонат и да се заблагодарат за дарот што го добиле.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *