ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

РОДИТЕЛИТЕ САМИ ЌЕ ГИ ПЛАЌААТ ОБРАЗОВНИТЕ АСИСТЕНТИ. НОВИОТ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕУШТЕ ВО ПРОЦЕДУРА!

Средношколците со атипичен развој кои се школуваат во редовни училишта и оваа учебна година извисија и остнаа без образовни асистенти. Новиот Закон за средно образование, кој во делот на инклузијата предвидува учениците со попречености да добиваат образовни асистенти на сметка на државата, сè уште е во процедура и неколку години никако да се донесе.
 
Добар дел од овие ученици, иако започна учебната година, а средното образование е задолжително, сè уште не тргнаа на школо. Немаат асистенција да стигнат до таму, да се вратат назад, помош за време на наставата. Останува на родителите кои сакаат децата да им одат во школо самите да си обезбедат образовен асистент и да го платат.
 
Од Министерството за образование одговорија дека Законот за средно образование кој ќе го реши проблемот е во процедура, но нема прецизен рок кога ќе биде донесен.
 
„Со новиот Закон услугата ќе се воведе и во средните училишта, а во меѓувреме за оваа цел образовни асистенти за средношколци во општински средни училишта се ангажираат преку програма за општинско корисна работа, склучена помеѓу општините, Град Скопје, МОН, МТСП и УНДП како финансиер. Родителите на учениците се обраќаат до самото училиште за обезбедување на образовен асистент“, велат од МОН.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.