РЕЖИСЕРОТ И АКТЕР КОСТА АНГОВ СО ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „ГЛУМЕЦ“ НА ПИСАТЕЛОТ ЗИЈАХ СОКОЛОВИЌ ГОСТУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Работена по феноменалниот текст на босанскиот актер и писател Зијах Соколовиќ, во Народниот театар во Гевгелија, на 14 септември 2022 година ќе биде изведена претставата „Глумецот е… глумец, … е глумец“ на режисерот и актерот Коста Ангов од Струмица. Ова е четврт театарски проект на „Транзен“ од Струмица.
 
Ангов ќе каже дека „Глумецот… е глумец… е глумец“ е траги-комична драма за еден актер кој не се откажува од својот повик до крај да го одглуми својот живот, својата животна улога и покрај сите проблеми и пречки на патот на таа реализација. „Тоа е како исповед, како крик на еден уметник кој привремено е исфрлен од сцената, од светлото на театарскиот рефлектор.
Претставата започнува во 20 часот.
 
Роден на 10 јули 1979 година во Струмица, Коста Ангов дипломирал на Факултет за драмски уметности „Неофит Рилски“ во Благоевград, соседна Република Бугарија.
 
Во 2011 година завршил Курс за театарски ментор во Школата за театар Гечо, во Билбао, Шпанија, две години подоцна веќе почнал да им ги пренесува стекнатите знаења на младите посетители на Летната школа за театар во родниот град, а во 2019 година за ликот на Наполеон во претставата „Животинска фарма“, работена по Џорџ Орвел, во режија на Љупчо Георгиевски, ја добива наградата за најдобра улога на НЕТА и театарскиот фестивал во Враца, Република Бугарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *