„РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ“ НАСТАПИЈА НА 34-ТЕ „ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ“

WEB Телевизија во живо

Во петокот, на 16 септември 2022 година, во Балканскиот Ерусалим, се одржа традиционалната, 34-та по ред манифестација „Охридски староградски средби.
 
„Охридски староградски средби“ е фестивал во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.
 
На фестивалот, свој бележит настап имаа и „Распеани гевгеличани“, кои исполнија 3 композиции, „Песна за Гевгелија“, Сношти вечер сон сум сонувала“, како и сплет на македонски и влашки песни од гевгелискиот крај.
 
Придонес во незаборавот на старите автентични песни, и навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови, покрај „Распеани гевгеличани“ дадоа и Градскиот хор „Григор Прличев“ од Охрид, ансамблот на народни песни „Вања Лазарова“ од Скопје, КУД „Пере Тошев“ Прилеп, ФА „Бисери“ Охрид, група „Боеми“ Берово, Вокален „Октет“ Прилеп, КУД „Драги“ при ЗП Охрид и Дебарца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *