ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „КУЛ Е И КОГА COOL СЕ ПИШУВА НА КИРИЛИЦА НА МЛАДАТА УМЕТНИЦА ЈАНА БОРБАЛА ПАНЗОВ

На 24.09 (сабота) во Кафе-книжарница Буква во Скопје беше промовиран проектот на младата уметница Јана Борбала Панзов, насловен како „Кул е и кога COOL се пишува на кирилица“, кој е дел од апликациите што беа избрани на конкурсот „Цртај на македонски јазик“ поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
 
Младата Јана изработи 16 „стикери“ со цел, како што самата кажа, да ги убеди своите врсници да користат кирилица кога се допишуваат на социјалните мрежи, затоа што, како што и самата кажа, нашата кирилица е многу убава.
 
За настанот беше изработен и рекламен материјал (маици, шолји, торби) кои заинтересираните можат да ги најдат во кафе-книжарницата Буква.
 
Наталија Лукомска истакна дека стикерите на Јана се многу интересни, на едноставен начин се испреплетени зборовите и сликите, илустрирани се фрази со помош на македонски симболи врежани во нашата слика за Македонија (македонско девојче, Водно, Кирил и Методиј). Стикерите имаат голем потенцијал да бидат искористени и во наставата по македонски јазик.
 
На прашање за она што ја инспирира, Јана кажа дека ја инспирира она што го гледа околу неа, македонската музика што ја слуша, патувањата во Македонија, преубавата природа. Во иднина се гледа себеси како аниматор и дека веќе работи на серија карактери (еден вид вонземјани) за кои се надева дека ќе бидат нејзината прва анимација.
 
Јана е билингвална, и на прашањето како го надоградува својот македонски, рече дека гледа македонски серии, чита книги и слуша македонска музика.
 
Авторката Јана Борбала Панзов (2009) е родена во Будимпешта, Унгарија. Основното образование го започнува во Македонија, а подоцна го продолжува во Унгарија. Нејзината талентираност за цртање (сликање, графика, дигиталнауметност) е потврдена на многу конкурси на кои учествувала во Унгарија. 
 
Со свое дело учествувала на конкурсот на Museum of Fine Arts, Budapest, во рамките на детската програма за уметнички дела инспирирани од големата изложба: Between Hell and Paradise. The Enigmatic World of Hieronymus Bosch.
 
Освен со дигитална уметност, цртање и сликање, изработува и амигуруми (плетенииграчки) со кои учествувала на неколку локални продажни изложби.
 
Преземете ги нејзините стикеринаследниовлинк и пишувајте на кирилица:
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *