ПРИЗНАНИЕ ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ГЕВГЕЛИЈА, ПО ПОВОД 20 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Денес Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го одбележува на пригоден и достоинствен начин Денот на пензионерите на Македонија – 20 септември.
 
Одбележувањето на овој важен датум за пензионерите, е во рамките на проектот на СЗПМ „2022 – година на рурален пензионер“, со кој Сојузот се фокусираше на грижата и помошта на пензионерите во руралните средини.
 
Во просториите на Сојузот беа избрани пет најактивни здруженија на пензионери кои во изминатиот период дале најголем придонес со своите хуманитарни активности во руралните средини. 
 
Беа и врачени благодарници на оние кои ја покажаа својата солидарност на дело, посетувајќи ги осамените пензионери на кои им е потребна помош и поддршка дадена со почит и од срце.
 
По тој повод како најактивни Признанија добија здруженијата на пензионери: Гевгелија, Валандово, Штип, Кратово и Сарај.
 
Нека ви е честит Денот, драги пензионери, и да го одбележувате и прославувате уште многу години со нови активности, постигнувања и резултати во интерес на сите сегашни и идни пензионери.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *