ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ДОНИРАЊЕ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, УНХЦР И ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ, ДОНИРАНИ ОБЛЕКА И КОМПЈУТЕР

WEB Телевизија во живо

Преку проектот кој Општина Гевгелија , УНХЦР и Меѓуоштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија заеднички го спроведуваат за помош на лицата кои се нашле во социјален ризик, денеска, беа предадени обезбедените донации преку интернет-алатката на веб-страната на Општина Гевгелија, наменета за таа цел.
 
Како дел од активностите за хуманитарна помош, деновиве беа посетени неколку семејства во општина Гевгелија, а денес беше посетен и Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, каде на привремено згрижените мигранти им беше дистрибуирана донираната облека.
 
Донацијата во фамилиите во Гевгелија покрај облека опфаќа и еден десктоп-компјутер.
Претставниците од Општина Гевгелија и УНЦР ја изразија својата благодарност за покажаната хуманост на граѓаните на општина Гевгелија и за собраната помош.
 
Тие се надеваат дека ова ќе биде поттик за повеќе граѓани да се вклучат во донирањето одреден вид помош како: облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати и сл. за ранливите категории граѓани на подрачјето на Општина Гевгелија, на кои помошта секогаш им е добредојдена.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *