ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА ЕЛЕНА ГАЛИКА

Во Галерискиот простор на Пионерскиот дом во Гевгелија, синоќа беше отворена самостојната ликовна изложба на Елена Галика, во организација на „Дом на култура-Македонија“ и Општина Гевгелија.
 
Изложбата ја отвори директорката на „Дом на култура“ Гевгелија, м-р Мирјана Крстева Массети:
„Ликовното творештво на Галика поседува силна дијакритична тенденција за дисциплинираната историја на визијата. Нејзината осмислена констелација паралелни стварности кореспондира со тактилното и оптичкото. 
 
Делата од изложбата насловена ,, Разновременска кохабитација,, претставуваат синхрон од различни светови. Поимската конструкција, хронолошки толкувана презентира опозиции кои во овој опус на Галика егзистираат унисоно.“
На изложбата може да се видат интересни дела на овој автор кој ги создал воден од теми и креации на моментално расположение, водено од лично емоционални пориви на речиси целосно сензибилна природа и карактер.
 
За нив, м-р Елена Галика ќе рече:
„Изложените дела овој пат се од видливата паралелна реалност и како тие се замислени во индивидуалната реалност на уметникот кој ги создал. Земени се фрагменти, или дела во целост од познати и докажани мајстори, низ нивното постоење и творење, ставени да кохабитираат заедно на едно платно, на едно место и време, како навидум неспоиви. Но, ако се обидеме за миг да влеземе низ вратата на квантото поле, каде што лежат сите потенцијали, можеме да ги поврземе ”вчера” и ”утре”, минатото и иднината, во сегашниот миг и низ делата да ги споиме времињата прецизно, низ нивна перспектива да создадеме слика на нивното познато и нашето познато поле на реалноста.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.