НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА СЛЕДАТ 1930 УЧЕНИКА, ДОДЕКА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ 675 УЧЕНИКА

WEB Телевизија во живо

Започна новата учебна 2022/2023 година, која годинава поради поволните пандемиски услови се одвива со физичко присуство. Наставата во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се организира двосменско, додека во основните училишта во населените места од општина Гевгелија се организира едносменско. На подрачјето на општина Гевгелија, настава од прво до деветто одделение следат околу 1930 ученика, од кои 231 новозапишани првоодделенчиња, а настава од прва до четврта година во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија следат околу 675 ученика, од кои 148 ученика во прва година средно образование. Во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија вкупната бројка на ученици во учебната 2022/2023 година изнесува 148 ученика, од кои новозапишани се околу 30 ученика при Музичкиот и Балетскиот оддел.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *