ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1943 ВО СЕЛОТО ПОДВИС, КИЧЕВСКО, ПОЧНА ДА РАБОТИ ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Чист апсурд. Кичевски, но и Македонски. Од училиштето во селото Подвис, Кичевско, каде што првпат се одвивала настава на македонски јазик, во септември 1943 година, на првата слободна територија во Македонија, денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид.
 
Во годините кога во Македонија значително се инвестира во заживување на обележјата од националната историја, еден исклучително важен белег целосно е заборавен од државата
– Додека училишната зграда беше во добра кондиција, на неа беше поставено спомен-обележје, што посочуваше дека тука првпат во земјава се одвивала настава на македонски јазик. Но под товарот на годините и човековата негрижа, училиштето почна да распаѓа и да се урива. Пред неколку децении од Дирекцијата за заштита на културните споменици побаравме да се изврши санација на училишната зграда. За жал, не постоеше интерес од таа страна, не се интервенира и објектот од ден на ден се претвора во урнатина. Откако жителите на Подвис увидоа дека државата нема интерес за негова ревитализација, ја дислоцираа спомен-плочата и ја донесоа во селото – вели Добре Лазарески, едно од седумте деца на првиот учител на македонски јазик во Македонија, Василко Ристески од селото Подвис.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.