МЕТОДИЈА ИЧЕВ ОД ЗПСК „КОЖУФ“ ГО ОСВОИ ДЕВЕТТОТО МЕСТО НА „ПЕЛИСТЕР УЛТРА ТРЕИЛ 2022“

WEB Телевизија во живо

Методија Ичев, член на ЗПСК „Кожуф“ денеска настапи на трката на патеката Баба, долга 20 километри, со висинска разлика од 1170 метри. Во конкуренција на над 40 натпреварувачи од Македонија, Данска, САД, Велика Британија, Србија и Полска, Ичев го освои деветтото место со резултат 2 часа 28 минути и 48 секунди.
 
Инаку, ова издание на Pelister Ultra-Trail® имаше две ULTRA-TRAIL® трки, на 20 и на 40 километри, каде трките се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки.
 
Патеката Баба има почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје додека натпреварувачите финишираа кај Инфо центарот на Националниот парк.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *