ЛАНА ТРАЈКОВА ЧЕТВРТА НА ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ВИКЕНД ТУРНИР ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА ВО „НЕГОРСКИ БАЊИ“

На 24 и 25 септември, сабота и недела, во комплексот Негорски Бањи се одржа Меѓународниот шаховски турнир за слепи и слабовидни лица реализиран од Спортскиот клуб Аурора Гевгелија потпомогнат од Здружението на слепи лица Гевгелија.
 
За успешната реализација на турнирот заслужни се главните донатори, Општина Гевгелија, хотелот Paint it black и Вори Гевгелија.
 
Од вкупно 25 шахисти, првото место го освои Блаже Атанасовски од Скопје, второ место го освои Лимани Лиман од Тетово, трето место го освои Санде Атанасов од Штип, четврто место Лана Трајкова од Гевгелија и петто место Илија Џолиќ од Белград. За првите три места беше обезбедена парична награда од 3000, 2000 и 1000 денари.
 
На турнирот зедоа учество спортски клубови за слепи и слабовидни лица од цела Македонија со свои претставници меѓу кои и спортски клуб од Белград. Турнирот го отворија претседателот на Националната спортска федерација за слепи лица Благој Мишевски и претседателот на спортскиот клуб Аурора Лазо Трајков.
 
Шаховскиот турнир се одржа во пријатна и дружељубива атмосфера, а сите учесници го искажаа своето задоволство од гостопримството на гевгеличани.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *