ЛАГ „БОЈМИЈА“ УЧЕСНИК НА САЕМОТ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022 ВО РАДОВИШ

Во Радовиш, на локација пред ЦК „Ацо Караманов“ , тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери се одржа ЛАГ ЕКСПО 2022 – САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ.
На саемскиот дел своите активности ги претставија членови на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер и Плачковица.
 
Со свои производи на овој саем од ЛАГ Бојмија учествуваа „Esoapery“од Гевгелија, со нивните козметички производи, Здружение на пчелари МАК БИ од Негорци со мед и пчелни производи, Дом на култура Гевгелија со етно декорација на Мирјана Крстева Массети, Никола Шелдаров од Богданци со слатко и ајвар, СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово, со сок од калинка и вино, Гордана Петрова од Гевгелија со рачно изработени сувенири, Мартина Трајановска од Негорци, со слатки, Art Juice од Богданци, со сок од калинка, „Балески органик“ од Валандово, со органски производи, Пчеларска фарма „Беќарови“ од Гевгелија, со пчелини производи и„ Апитоксин“ од Мрзенци со апи комора, мед и пчелни производи.
 
ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискутираа за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.
 
Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *