ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ИЗБРАНИ ПЕТТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија ја одржа својата трета седница. На седницата, по пат на тајно гласање, членовите-делегати ги избраа петте члена на Локален младински совет на Општина Гевгелија.
 
За членови на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија се избрани: Тијана Ристовска, Памела Петровска, Кристијан Алчинов, Атанас Епов и Георги Петков. 
 
По донесената одлука, Локалното собрание на млади на Општина Гевгелија ќе поднесе предлог до Советот на Општина Гевгелија на следната редовна седница да им биде верификуван мандатот на членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, како би започнало ова тело со работа.
 
Се очекува, во наредниот период, младите со целосна поддршка од Општината активно да работат за остварување на целите од областа на младинските политики и младинскиот активизам.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.